February 25, 2021 09:19
Спорт

Погба не го гледа Манчестер jунајтед на исто ниво со Ливерпул

Играчот за врска на Манчестер јунајтед, Пол Погба, го спореди својот тим со Ливерпул во пресрет на меѓусебниот меч во 19. коло од Премиер лигата.

– Растевме сериозно и продолжуваме да се подобруваме, но сепак имаме многу млад тим. Очигледно, сега не сме на исто ниво со Ливерпул. Овој тим е актуелен шампион и продолжува да победува. Ако сакате да станете најдобри, треба да ги победите најдобрите. Ние сакаме да го победиме шампионот. Знаеме дека ќе биде тешко да се остане на врвот, но Манчестер јунајтед може да го стори тоа, вели Погба во изјава за „Скај Спорт”.

Манчестер јунајтед е предводник на табелата во Премиер лигата со 36 бода, Ливерпул е втор со 33 бода.

Натпреварот Манчестер јунајтед – Ливерпул ќе се одигра в недела.

The Quintessential Quintuplets 2 (https://animeheaven.pro/m/xpEv) Episode 2 at website https://animeheaven.pro animeheaven boruto

Tokyo Ghoul (https://animefreak.ws/m/6WL) Episode 12 at AnimeFreak anime freaks