January 16, 2021 06:19
Спорт

Погба за 101 милион евра ќе се пресели во ПСЖ

Фудбалерот за врска на англискит премиерлигаш Манчестер јунајтед, францускиот интеранционалец Пол Погба, ќе му се приклучи на Пари Сен-Жермен во летниот преоден рок, пренесува „Express Sport”.

Според британскиот портал, 27-годишниот Французин ќе го чини тимот од Париз 101 милион евра.

Оваа сезона, Погба одигра 13 натпревари за премиерлигашот на кои постигна еден гол и направи една асистенција.

За Погба интерес покажуваше и италијанскиот шампион Јувентус.