December 4, 2022 20:18
Хроника

Повторно искршен бугарскиот клуб во Охрид, овојпат со употреба на оружје

Вечерва по трет пат е извршен напад врз бугарскиот клуб „Цар Борис“ во Охрид. Овојпат, оштетена е поставената табла на клубот и нападнати се просториите на клубот.

Полицијата во моментов врши увид на местото.

Првиот напад се случи веднаш по отворањето, за кое имаше и голем протест од охриѓани, а вториот пред само неколку дена.