February 23, 2019 08:26
Хроника

Повреден електричар во Битола

Електричар бил повреден откако паднал додека поставувал осветление, вчера во Битола, информираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 12.30 часот на улица Студенска.

Тогаш Д.П.(55) од Прилеп поставувал осветлување во сала на објектот на Универзитетот, кога од непознати причини паднал. На работникот му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Related posts

Коњ вознемирено трча низ „Партизанска“, полицијата се смее (ВИДЕО)

24news

Ограбено казино

24news

Ограбена банка во скопската населба Маџари

24news