November 16, 2019 03:42
Хроника

Повредените и семејствата на загинатите кај Ласкарци бараат обештетување

Со произнесување на оштетените денеска во Основен кривичен суд Скопје продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци.

Случајот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

На денешното рочиште правните застапници на дел од оштетените, повеќето претставници на семејствата на починатите патници се изјаснија дека се приклучуваат на кривичниот прогон и сите најавија имотно – правно побарување на отштета.

За следната расправа на 18 октомври судот најави дека ќе бидат повикани и преостанатите оштетени во постапката, а кои не се изјасниле пред судот, додека за расправата на 31 октомври ќе бидат повикани и останатите оштетени, а кои ќе бидат сослушани и како сведоци за настанот.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс” Дурмиш Белули и Ремзи Мифтари вработен во фирмата, возачот на автобусот Маноил Трифуновски и тројца вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски.

Сопственикот на „Дурмо турс”, одговорниот за транспорт во формата и возачот се теретат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед за соучество во истото дело. 

Нови вести

Кривична за битолски хирург чија пациентка почина од внатрешно крварење

Igor

Се запали автобус на ЈСП во Кисела Вода

Igor

Три момчиња извршиле насилство врз цимерот

Valentina