June 21, 2021 19:19
Магазин

Повредата на Де Ниро нема да влијае на продукцијата на новиот филм

Роберт де Ниро го повредил квадрицепсниот мускул додека бил во куќата во која престојува за време на снимањето на новиот филм во Оклахома, пренесува „Дедлајн“.

Претставник за двократниот оскаровец соопшти дека актерот е на лекување дома во Њујорк, а несреќата нема да влијае на снимањето на „Убијците на цветната месечина“ бидејќи тој не е на распоред за снимање уште три недели.

„Актерот го повреди мускулот на квадрицепсот додека беше во изнамјена локална куќа во Оклахома, откако заврши со снимање на некои сцени од филмот, објави „Дедлајн“ и додава дека тој секако се спремал да се врати дома затоа што немал обврски со филмот следниов период.

„Ова нема да влијае на продукцијата, бидејќи тој не беше на распоред да снима повторно уште три недели, изјави претставник на Де Ниро следниот ден по повредата.

Роберт де Ниро и Леонардо Дикаприо ги толкуваат главните улоги во Killers of the Flower Moon („Убијци на цветната месечина“) во режија на Мартин Скорсезе.

Филмот на Apple Originals е адаптација на книгата на Дејвид Грен „Убијци на цветната месечина: Убиствата во Осејџ и раѓањето на ФБИ“. Дејството е базирано врз вистинска приказна за серија убиства на Индијанци во Оклахома во 1920-тите, откако на нивната земја била пронајдена нафта. Случајот се смета за прва истрага за убиства на ФБИ.

Пред повредата на Де Ниро, се очекуваше да биде готов подоцна оваа година. Во филмот, покрај Де Ниро и Дикаприо, глумат Џеси Племонс и Лили Гледстоун.

Продукцијата, наводно, нема да се одложува.

KissAnime kissanime official: Watch The Daily Life of the Immortal King Episode 11 (https://kissanimeonline.com/m/31Gn/ep-11)

AnimeFreak my hero academia season 4 animefreak: Watch My Hero Academia (Dub) Episode 1 (https://animefreak.ws/m/ZKoe/ep-1)