September 26, 2022 02:20
Свет

Повлечено млекото за бебиња „Кандиа” од сите продажни места во Франција

Млекото за бебиња од брендот „Кандиа” (Candia) е повлечено од сите продажни места во Франција, јави дописникот на МИА.

Производот е повлечен откако потрошувачите укажаа на проблеми со амбалажата. Шишињата млеко повеќе не смеат да се консумираат и мора да се вратат во нивните продажни места, а на купувачите ќе им се рефундираат парите.

Ниту еден друг производ на „Кадиа” не е повлечен од продажба.