Македонија

Повик за учество на конкурсот за доделување на наградите „Гласник на невидливите” за 2021

 Македонска платформа против сиромаштијата (МППС) денеска соопшти дека новинари и фоторепортери можат да учествуваат на конкурсот за доделување на наградите „Гласник на невидливите” за 2021 година.

-Иако првичната замисла на проектот е да се наградат новинарите кои пишуваат за невидливите, оваа година конкурсот е отворен и за фоторепортерите кои ги прикажуваат невидливите низ своите фотографии. Ја задржуваме својата уникатност и повторно улогата на членови во жирито ќе ја имаат исклучиво луѓе кои имаат искуство со живот во сиромаштија, стои во соопштението од МППС.

„Гласник на невидливите”, како што се наведува, е награда која поттикнува и поддржува новинарство на терен, блиску до граѓаните. На конкурсот можат да учествуваат новинари и фоторепортери кои работат на социјални теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, а на тој начин им даваат глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи.

-Преку наградите промовираме новинарство кое ги опфаќа многуте аспекти на сиромаштијата и социјалната исклученост и поддржуваме известување кое ги почитува граѓаните и внимава на нивното достоинство. Конечната цел е да се доделат награди на општествено посветени новинари и фоторепортери, кои внимаваат да не градат стереотипи и не се водат од сензационализам појаснуваат од МППС.

Правилата за учество на конкурсот се: новинарската сторија или фотографија да е објавена во периодот од 1 февруари 2020 до 1 февруари 2021 година, објавата може да биде на радио, телевизија, печатен или онлајн медиум. Медиумот може да работи на национало, регионално или локално ниво. Сторијата или фотографијата мора да е поврзана со сиромаштија или социјалната исклученост и да се однесува на ситуацијата и луѓето во државата. Еден новинар или фоторепортер може да пријави само една сторија или една фотографија. Може да бидат пријавени повеќе стории од иста редакција, но од различни новинари или фоторепортери. Доделените награди нема да бидат во пари и ќе имаат симболичен карактер.

Краен рок за доставување на сториите и фотографиите е 20 април 2021 година.Сториите или фотографиите треба да се испратат на е-маил [email protected], во оргинален формат или само линкот на медиумот каде што се објавени, заедно со пополнет образец. Повеќе информации можат да се добијат на истиот маил.

По направениот избор на најдобри стории и фотографии сите новинари и фоторепортери ќе бидат известени за резултатите и поканети на доделувањето на наградите, што е планирано за крајот на мај.

Активноста е во рамки на проектот „Journalism-prize goes international” инициран од Австриската платформа против сиромаштијата, а финансиран од ЕРСТЕ Фондацијата.

ANIMEFLIX animeflix blood c: Watch Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 3 (https://animeflix.nl/m/DvDa/ep-3)

WCOStream wcostream pokemon: Fairy Tail (https://wcostream.cc/m/AdM) Episode 175