December 1, 2021 01:03
Свет

Повик до Бајден да ги прекине сите проекти поврзани со нафта

Стотици демонстранти протестираа пред Белата куќа, барајќи од претседателот Џо Бајден да престане да одобрува проекти за обработка на фосилни горива.

Демонстрантите, меѓу кои има и американски староседелци, бараат климатската криза да биде прогласена за национална вонредна состојба.

Собирите се дел од протестот „Луѓето против фосилни горива”, организиран од коалициска група позната како „Bild back fossil free”, која ја повикува администрацијата на Бајден да преземе дополнителни мерки за намалување на проектите во областа на фосилните горива кои придонесуваат за производство на јаглерод диоксид.

Протестите не беа насилни, но полицијата користеше акустична направа со долг дострел, која емитува продорен звук, судејќи според видеата снимени од демонстрантите.

Употребата на тој уред, кој наводно се користи за контрола при масовни настани, предизвика многу критики на социјалните мрежи.

Проектот за нафтоводот „Лајн 3″ се соочи со бројни протести, а полицијата уапси над 900 демонстранти кои се против проектот од почетокот на градежните работи.

AnimeHeaven Watch anime online, English anime online HD

Origami of Landscape Episode Full

WCOStream Watch english anime Online in HD for FREE

Website https://aniwatch.pro: Watch Bakuman. aniwatch Episode 25 watch anime

Website https://animebee.to: Watch Jewelpet: Attack Chance!? animebee Episode 3 free anime online