November 25, 2020 14:38
Хроника

Повеќе физички напади во Скопје, Струмица и Кочани

Полицијата бележи неколку физички напади на подрачјето на Скопје и низ земјава. Синоќа, во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Чаир, С.З.(21) од Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Како што се наведува денеска во МВР-билтенот, вчера во 17.45 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(59) од Скопје пријавил дека околу 17:00 часот на паркинг простор на подрачјето на Центар, додека бил заедно со Б.Б.(58) од Скопје, биле физички нападнати од Б.Т.(38) од Скопје. Изготвен е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗПП ЈРМ.

Во друг случај, пак, вчера во 15.50 часот во Полициска станица Кочани Ф.И.(27) од с.Мојанци пријавила дека околу 11.30 часот, во нејзиниот двор нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Д.И.

Во друг случај, во СВР Струмица вчера во 14.55 часот М.А.(35) од Струмица пријавил дека околу 14.00 часот во Струмица неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.

Полицијата презема мерки за расчистување на сите случаи.