September 25, 2021 02:43
Економија Македонија

Повеќе пари за здравството, капитални расходи, економијата и граѓаните со усвоениот ребаланс на Буџетот

Повеќе приходи во буџетот, повеќе средства за капитални расходи, за мерки за поддршка на стопанството и граѓаните поради ковид-кризата, за здравството, земјоделството, за редовна исплата на плати и пензии и социјални права, се обезбедени со ребалансот на Буџетот за 2021 година што го усвои вчера Собранието.

Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на РС Македонија за 2021 година се планирани на ниво од 222,5 милијарди денари и се за околу 10 милијарди денари или за 4,7 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Вкупните расходи се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или за 8,6 проценти, односно за околу 21,2 милијарди денари повисоки во однос на планот. Планираните приходи и расходи, претпоставуваат дефицит во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 проценти од БДП.

-Ребалансот за 2021 е одраз на економските состојби, грижа во поглед на користење на јавните средства и нивно насочување кон реализација на поставените таргети, како и посветеност во справувањето со пандемијата, рече министерот за финансии Фатмир Бесими во образложението на Ребалансот на Буџетот. Фискалниот стимул за стопанството и граѓаните, најави, продолжува до целосно заздравување и враќање на економијата на патот на економски раст.

Посочувајќи дека приоритет остануваат здравјето, здравјето на граѓаните, здравата економија и здрави финансии, министерот истакна дека останува заложбата да инвестираме во трајни добра со фокус на имплементација на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот сектор, земјоделството и заштитата на животната средина.

Дополнителни три милијарди денари се обезбедени за земјоделскиот сектор, 685 милиони денари за заштита на животната средина преку новата Програма за зелен развој, дополнителни 416 милиониони денари за социјалниот сектор за исплата на надоместоци за детска заштита и социјални права, 200 милиони денари за средства за студентски оброк, како и за поврат на ДДВ 880 милиони денари.

Со направените измени обезбедени се дополнителни средства наменети за здравството, инсулин за инсулино-зависни пациенти, набавка на вакцини преку COVAX механизмот, набавка на возила за транспорт и фрижидери за чување на вакцините и средства за опремување на вакциналните пунктови, како и набавка на опрема за испитување на квалитетот на мазутот што е во насока на обезбедување на чиста животна средина. Обезбедено е зголемување на средствата кои се наменети за поддршка на туризмот преку користење на ваучери за туризам, санирање на проблемот со Студенчишко Блато, поставување заштитна ограда на река Отиња, изградба на дел од водоводната инсталација за населено место Студеничани,  изградба на резервоар, пумпа и бунар за снабдување со чиста вода за пиење за населено место во село Стрмница, општина Желино, како и обезбедување  дополнителни средства во земјоделскиот сектор за мали семејни винарии.

Капиталните расходи се планирани на ниво од околу 30 милијарди денари или за 5,7 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година. Со измените и дополнувањата на Буџетот за 2021 година извршено е редизајнирање на расходите со поголемо учество на капиталните расходи во вкупните расходи при што  порастот од 24 отсто на капиталните расходи е резултат на обезбедување на потребните средства за реализација на дел од мерките на Владата, како што се 615 милиони денари за бескаматни кредити преку Развојната банка за најпогодените сектори, 300 милиони денари за кредитна гарантна шема преку Развојната банка, 610 милиони денари за формирање Фонд за поддршка на извозни компании преку Развојната банка, 500 милиони денари капитали расходи за ИПАРД рурален развој,  90 милиони денари за инвестиции во спортски објекти, 60 милиони денари за социјална населба во Струмица и 120 милиони денари за клучката Словенечка, 55 милиони денари за детски градинки и социјални центри, 123 милиони денари за реконструкција на јавните здравствени установи…

-Фискалната политика секогаш треба да даде одговор на реалните потреби, да го поддржи економскиот раст и развој, отворањето на нови работни места и подобриот животен стандард за граѓаните. Затоа основите цели на Буџетот за 2021 година се зајакнување на финансирањето на системот на здравствена заштита и зачувување на здравјето и животите на граѓаните, поддршка на економската стабилизација и поставување на темелите на солидно економско заздравување и забрзан раст, како и непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и евро-атлантските интеграции, истакна министерот.

Годинава  се очекува економијата да заздрави, при што растот е проектиран на 4,1 отсто. Значајна улога во заздравувањето на економијата и нејзиното постепено интензивирање ќе имаат инвестициите. Реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 8 проценти во 2021 година, во услови на очекуван раст и на јавните и на приватните инвестиции. Потрошувачката, се очекува да забележи реален раст од 4 проценти, а растот на јавната потрошувачка е проектиран на 4,3 проценти. Извозот се предвидува да забележи раст од 10,6 проценти, а увозот раст од 11 проценти на реална основа. Бројот на вработени е предвидено да се зголеми за 1 процент, што ќе придонесе просечната стапка на вработеност да се зголеми на 47,5 проценти, додека стапката на невработеност да се намали на 15,8 проценти.

Од Министерството за финансии истакнуваат дека Буџетот на РСМ целосно е креиран во функција на остварување на стратешките приоритети, забрзување на економскиот раст, приоритетот за интегративните процеси на Република Северна Македонија во ЕУ и обврските кои произлегуваат од членството во НАТО. Буџетот, потенцираат оттаму, е ликвиден. Има одлична реализација на приходите, што беше еден од основите на ребалансот, а расходите се реализираат редовно и навремено во рамки на предвидувањата и очекувањата. Приходите од почетокот на годината имаат раст од 15,6 отсто во однос на истиот период лани.

Website https://kissanime.mx: Watch Chokotto Anime Kemono Friends 3 kissanime Episode 25 kissanime free

AnimeTV: Haitai Nanafa anime episode 13 online free at https://animetv.cc anime tv dragon ball z

https://animebee.to free anime

GoGoAnime: Jungle no Ouja Taa-chan anime episode 50 online free at https://gogoanime.be gogoanime jojo

Reverbnation: https://www.reverbnation.com/artist/animeflixnl

Comicvine gamespot: https://comicvine.gamespot.com/profile/animefreakws/about-me/