November 25, 2020 11:38
Свет

Повеќе од 300 километри сообраќаен метеж во Ил-де-Франс

 Повеќе од 200 километри кумулативен сообраќаен метеж беа забележани во попладневните часови во Ил-де-Франс, пренесува БФМТВ. Вакво необично зголемување на сообраќајот во парискиот регион беше забележано во пресрет на ограничувањето-карантинот оваа пролет, јави дописникот на МИА од Париз.

 Во 16:28 часот, веб страницата Ситадин забележа 300 километри застој во регионот или двојно повеќе од нормалното. Сообраќајниот метеж е главно концентриран на обиколницата, на A86, A6 и на клучката A10.

Причините за ваквиот сообраќај се неразјаснети, со оглед дека учениците и студентите се наоѓаат на првиот есенски распуст и наставата треба да почне во понеделник. Сепак, може да се претпостави дека многу Парижани ја напуштаат престолнината и заминуваат во провинциските гратчиња или села, само неколку часа пред објавувањето на веројатниот карантин.

На 16 март, во пресрет на карантинот, на патиштата на Ил-де-Франс исто така имаше зголемување на сообраќајниот метеж.