Свет

Повеќе од 120.000 луѓе починаа во САД како резултат на коронавирусот

Повеќе од 12.000 луѓе починале во САД како резултат на инфекција со коронавирусот, пренесува „Ројтерс“, со податок дека Ковид-19 уби повеќе Американци отколку Првата светска војна.

Во текот на јуни, околу 800 луѓе умираат во Америка секој ден, помалку отколку во април, кога дневниот биланс на жртвите беше 2.000, според евиденцијата на државите и окрузите.

САД се земја со најголем број заразени луѓе во светот. Вкупно, повеќе од 2,2 милиони се заразени со Ковид-19.

На второ место е Бразил со милион заразени лица, а бројот на заболени рапидно расте и во Индија.

По неколку недели паѓање на инфекции и смртни случаи, бројот на инфекции во САД повторно почна да расте, бидејќи 12 сојузни држави забележаа рекордни зголемувања кога се отворија минатата недела, поради обновување на економијата.

Според „Ројтерс“, во саботата биле потврдени повеќе од 30.000 нови случаи на инфекција, што е најголем дневен број на пациенти од 1 мај.