September 23, 2019 07:31
Скопје

Повеќе концерти во рамки на „Културно лето” во Општина Кисела Вода

 Во рамки на „Културното лето Општина Кисела Вода 2019″ вчера во паркот „Шопен” настапуваа Бени и Нон Стоп, групата Биоритам и Анастасија Петреска.

– Публиката видно расположена едногласно заедно со нив ги пееше нивните најпопуларни хитови. Од сцената се слушнаа и повеќе убави стари македонски народни песни. Во концертите заедно со посетителите уживаа и Дарио Шимиќ, претседател на Советот на Општина Кисела Вода, Бојана Ацева и Тодор Костадиновски, членови на Советот на општината, соопштуваат од прес-службата на Општина Кисела Вода.

„Културното лето Општина Кисела Вода 2019″ вечер ќе продолжи да се одвива во месноста „Три круши”, каде од 20 часот ќе настапуваат Миле Кузмановски, Сузана Спасовска и Силви Бенд.

Нови вести

Инфраструктура на Скопје се уште не е подготвена за велосипедска револуција

Filip

Помор на риби во реката Вардар

Igor

Хуманитарната трка „Подај рака 2019″ за поддршка на заболените од Вилсон

Igor