December 7, 2022 20:42
Свет

Победата ќе биде наша- им порача Путин на граѓаните собрани на Црвениот плоштад во Москва

Претседателот Владимир Путин на илјадниците Руси собрани на Црвениот плоштад им порача „победата ќе биде наша”, по седуммесечните борби во Украина и анексијата на четирите украински области.

-Русија не само што ги отвора вратите од својот дом за тие луѓе, туку и го отвора своето срце. Добредојдовте дома, рече Путин во обраќањето пренесувано преку телевизија по церемонијата во Кремљ на која беа анектирани украинските региони.

Во моментите кога Путин најави припојување на четири украински региони кон Русија, експлодираше Црвениот плоштад. Многумина почнаа да извикуваат „Русија, Русија“. Во еден момент атмосферата го поносеи Путин, кој исто така скандираше со сепаратистичките лидери.

За време на говорот, рускиот претседател рече дека ќе „направи се“ за да го подигне „нивото на безбедност“ во Херсон, Запорожје, Луганск и Доњецк.

– Станавме посилни затоа што сме заедно. Ја имаме вистината. А вистината е моќ. Вистината е победа. Ќе победиме – додаде рускиот претседател.