January 20, 2022 16:00
Македонија

ПМФ: Во југозапад помеѓу 5 и 6 – во Скопје меѓу 3 и 4 степени по Рихтер

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 9.1.2022 година, регистрира серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 130km јужно од Скопје во соседна Грција во околината на Лерин.

Првиот земјотрес кој се случи во 22 часот и 43 минути беше со Рихтерова магнитуда ML5.6 а беше најсилно почувствуван од населението во југозападниот дел на Републиката и тоа со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала. Во централниот дел од Републиката беше почувствуван со интензитет од IV степени а во Скопје и околината со интензитет од III – IV степени според истата скала.

Вториот почувствуван земјотрес беше во 22 часот и 53 минути со Рихтерова магнитуда ML4.2 а беше почувствуван од населението во југозападниот дел на Републиката со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Според досегашните податоци овие земјотреси освен мала вознемиреност кај населението не предизвикаа материјални штети, стои во објавата.

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

AnimeHeaven Dragon Ball (Dub) Episode 144

watch anime online Ranking of Kings

Attack on Titan Season 3

One Piece (Dub) Episode 752

anime online Black Clover