August 8, 2022 19:34
Балкан

Пленковиќ: Ќе ја фиксираме цената на горивата на сите бензински пумпи!

Хрватската Влада утринава донела нови мерки поврзани со цената на горивата. Цената на горивата на сите бензински пумпи, освен на автопатиштата се фиксира на сегашните 13.08 куни за евродизел и 13.5 куни за бензин.

На автопатиштата во Хрватска цените растат до 14.57 куни за дизел, а еуросупер 95 ќе се продава до 14.06 куни.

Премиерот Пленковиќ и се обрати на јавноста со детали.

„Одлучивме повторно да интервенираме. Ќе ја фиксираме сегашната цена за сите бензински, освен за оние на автопатиштата“ рече Пленковиќ.

Владината уредба, според зборовите на хрватскиот премиер, ќе се однесува за 94 отсто од бензинските.