November 19, 2019 22:34
Македонија

Платена партиципација за 20 најдобри студенти на Економскиот факултет во Прилеп

На Економскиот факултет во Прилеп денеска се доделени 20 уписнини на 20 најдобро рангирани студенти, кои се запишаа во академската 2019/2020 година на оваа високообразовна институција, од кои по 10 обезбедија Универзитетот „Свети Климент Охридски” од Битола и бизнис заедницата од Прилеп.

Според професор д-р Татијана Спасеска, продекан за меѓународна соработка и развој на Економскиот факултет во Прилеп, Универзитетот ваучерите ги доделува во рамките на одбележувањето на 40-годишнината од основањето, како поттик за студентите да стекнувата нови знаења.

– Универзитетот обезбеди 110 уписници за сите факултети, од кои 10 се за студентите кои се запишаа на Економскиот факултет во Прилеп. Десетте најдобри бруцоши се ослободени од плаќање партиципација за првиот семестар од првата година на студиите. Факултетот традиционално негува добри односи со бизнис заедницата. Соработката се реализира преку предавања на истакнати стручњаци од практиката. Тука е и практичната настава за студентите преку која тие имаат можност да се стекнат со апликативни знаења и вештини. Ваквата соработка годинава резултираше со обезбедување 10 школарини од бизнис-заедницата. Се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи,а бенефит ќе имаат и студентите и бизнис заедницата. Инаку на 6-те насоки на факултетот се запишаа околу 200 студенти што е повеќе од лани. Најголем е интересот за студиските програми: Сметководство и ревизија и за Банкарство и финансии, изјави професор Спасеска.

Јане Ѓорески, менаџер во прилепската компанија „Комфи Ангел” смета дека бизнис-заедницата потекнува од факултетите, што е клуч и основа за понатамошниот развој на сите.

– Имаме склучено договор за соработка со Економскиот факултет. Ние чувствуваме и должност и обврска, како и задоволство да го поддржиме Економскиот факултет, да работиме на заеднички проекти на истражувањето, на развојот. Основите се поставени, а иднината зависи од сите нас. Како пример во компанијата „Комфи Ангел” повеќе од 80 насто од вработените во администрацијата се токму од студентите од приелспкиот Економски факултет, затоа можност за сите има, кадарот е квалитетен, останува да ги создаваме условите и да се поддржуваме, рече Ѓорески.

Според Душица Неделкоска од прилепска „Витаминка” ова вложување во студентите воедно е и воложувањето во знаењето и во производството на кадри за стопанството каде секако ќе го најдат своето место, а бенефитот, посебно во развојот го има и компанијата.

– Како општествено одговорна компанија, целиме кон мотивацијата на студентите за вложување во своето знаење. Како компанија и во иднина ќе останеме посветени пријатели на сите млади, амбициозни луѓе, посакувајќи им уште повеќе успеси и да ја искористат секоја можност која им се нуди за проширување на знаењата, бидејќи само така може да се справат со предизвиците кои доаѓаат во животот, рече Неделкоска.

Студентката Христина Нунеска смета дека своето знаење што ќе го стекне ќе го вложи во домашните компании и вели не размислува да замине во странство.

– Студирам на Економскиот факултет во Прилеп бидејќи е респектабилна високообразовна институција со долгогодишна традиција. Факултетот за нас студентите нуди големи можности: да учествуваме во повеќе студиски активности, практичната настава да ја извршуваме во различни компании, како и да реализираме мобилност преку Еразмус-програмата. Јас направив добар избор што се запишав на Економскиот факултет и сум на насоката „Банкарство и финасии”. Иднината ја гледам овде, зашто сѐ што е квалитетно може да успее во нашата држава, изјави студентката Нунеска која доби ваучер за платена школарина во првиот семестар.

Вакви ваучери за школарината на студентите се доделуваат прват. Покрај Универзитетот, учествуваат четири компании: Шпаркасе банка, „Витаминка”, „Комфи Ангел” и компанијата „Дониа”.

Нови вести

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Filip

Каевски на трибина во Ресен: Наскоро завршува реконструкцијата на спортската сала, следува и изградба на ново игралиште

Filip

Премиерот Заев и министерката за финансии Ангеловска со новинари од повеќе медиуми: Буџетот е ликвиден и реален, израз на крупните политики и храбри одлуки

Filip