September 22, 2019 10:27
Хроника

Пијана скопјанка тепала обезбедувач и полицаец во дискотека

На 08.09.2019 во 5.45 часот во Полициска станица Карпош била приведена Т.Н.(24) од село Стајковци, бидејќи околу 2.15 часот во дискотека во Скопје го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз лице од обезбедувањето.  При обид за нејзино легитимирање таа физички нападнала и полициски службеник. По приведувањето било утврдено дека Т.Н. била во алкохолизирана состојба.

По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од МВР информираат дека истата ноќ околу 3.30 часот во дискотека во Градски парк-Скопје имало тепачка меѓу Т.С.(28) и Б.П.(27) од една страна и А.В.(26), А.В. (25) и В.К. (20) од друга страна.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Нови вести

(Фото) Сообраќајка на патот Велес-Скопје, има повредени

Igor

Македонци се враќале од Холандија со нов автомобил, кај Врање со судриле со „голф“

Igor

Детали за полициската акција во 24 градови: Кривични за 36 дилери на дрога

Igor