February 17, 2019 11:25
Забава

Пишувањето порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи шест секунди

Истражувањата на Светската здравствена организација покажуваат дека употребата на мобилен телефон додека возите ја зголемува опасноста од сообраќајни незгоди за 4 до 9 пати, а пишувањето порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи цели 6 секунди за кои возило со брзина од 60 километри на час поминува 100 метри. Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) наведуваат дека навистина вреди да се размисли што сè може да се случи само поради тоа што некои возачи ја потценуваат опасноста од користење мобилен телефон додека возат.

„Зошто возачите користат мобилен телефон кога возат? Одговорот на прашањето зошто возачите толку многу ги користат мобилните телефони додека учествуваат во сообраќајот лежи во фактот што најголем број од возачите ја потценуваат опасноста и ризикот на кои се изложени додека го користатат мобилниот телефон, мал е бројот на санкционирани возачи и изречени санкции и многу, многу изговори преку кои се настојува да се оправда потребата да се употребува мобилниот телефон додека се управува моторно возило“, велат од РСБСП.

Од таму наведуваат дека санкциите секогаш даваат добар резултат, особено за оние кои на друг начин не можат да ја разберат опасноста на која се изложуваат со користење на мобилниот телефон зад воланот.

„Возач кој зборува или пишува на мобилен телефон додека вози се санкционира со 40 евра во денарска противвредност или со регистрирање 25 негативни бода во возачката книшка. Ако ја потценувате опасноста и не размислувате за евентуалните последици од сообраќајните незгоди, размислете што сѐ можете да си обезбедите за себе или за вашите блиски со 40 евра кои ќе мора да ги платите доколку бидете санкционирани“, стои во соопштението.

Следејќи ги случувањата во сообраќајот, РСБСП со неколку прашања до секој возач кој користи телефон зад воланот: кој е твојот изговор да се фатиш за мобилниот додека возиш, кој е толку важен и што е толку важно што не може да почека да застанете на првото безбедно место на кое може да се запре возилото и да разговарате, кој е твојот изговор да загинеш или да убиеш некого додека возиш само поради една порака или еден повик, што и кој е поважен од чиј било живот – никој и ништо.

Затоа, кампањата на РСБСП го носи слоганот „Без изговори!“ и апелираат до возачите да го остават мобилниот додека возат и да се фокусираат на патот и случувањата во сообраќајот.

Related posts

По две децении војна, Карлеуша ја пофали Цеца

24news

Скандал го тресе кралското семејство: Јатрвите не можат да се гледаат во очи: Меган и Хари се селат од палатата, не сакаат да живеат покрај Кејт и Вилијам

24info

(фото) Емили привлекуваше љубопитни во секси бикини

24news