September 19, 2019 13:06
Македонија

Пишаниот исказ на Камчев кој се појави во медиумите е сликан со телефон

Основното јавно обвинителство (ОЈО) за гонење на организиран криминал и корупција го осуди објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата за предметот „Рекет“ во медиумите. Надлежните се сомневаат дека документот насловен како „Записник за примање кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со датум 2 мај 2019“ се појави во јавноста откако бил скениран со мобилен телефон. Според ОЈО откривањето доверливи информации е кривично дело и најавија дека ќе трагаа да утврдува како се протечени во јавноста по што ќе бараат и одговорност од сторителите.

Исказот на бизнисменот Орце Камчев запишан на хартија, што го дал во предистражна постапка во Обвинителството за организиран криминал која е заштитена со закон како тајна постапка, најверојатно  го сликал со мобилен телефон некој од тимот на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, која го води случајот „Рекет“.

Според извори од судот при барањето притвор во претходна постапка за тројцата засега осомничени Бојан Јовановски-Боки 13, Зоран Милески-Кичеец и Катица Јанева, таков исказ од предистрагата воопшто не бил доставен.

 

Нови вести

Прекини во сообраќајот кај Пресека поради минирање

zane

Жителите на Лабуништа утре повторно на протест за затворање на каменоломите

Valentina

Мицкоски, дали Орце Камчев преку негови фирми ја финансирал кампања на ВМРО-ДПМНЕ

Valentina