August 10, 2022 21:36
Македонија

Пиунот Ковачевски ги покачи струјата и парното и предизвика инфлација, тоа што можело да се купи за 20.000 денари, сега треба и до 25.000 денари

Пиунот Ковачевски ги покачи струјата и парното и предизвика инфлација.

Прва мерка на Ковачевски е покачената цена на струјата и парното за по 15%.

Граѓаните веќе на крајот на овој месец ќе добијат сметки за струја и парно поскапи за најмалку 500 денари.

Стандардот е нагризен уште од порано. Димитар Ковачевски подолг период беше заменик министер за финансии, а со тоа и главен виновник за лошата економска слика и инфлацијата која ни се случува.

Покачени се сите продукти, а според пишувањата на медиумите прехранбените производи за една година се покачени и до 30%, тоа значи дека тоа што пред една година можело да се купи за 20.000 денари, сега треба и над 25.000 денари.

Лошата ситуација во економијата не можат да ја поправат луѓето кои ја предизвикаа. Потребни се реални промени, а тоа е можно само со предвремени парламентарни избори и нова влада.