November 19, 2019 12:25
Спорт

Писонеро не е повеќе тренер на Вардар

Екипата на Вардар на гостувањето во Унгарија кај тимот на Веспрем в сабота ќе биде водена од нов тренер. Стратегот кој ја водеше екипата од почетокот на сезоната, Давид Писонеро е прекомандуван во асистент и тој продолжува да биде дел од клубот, но со поинаква улога, пишува „24 ракомет.

На тренерската позиција е поставен спортскиот директор и селектор на Русија, Едуард Кокшаров кој ќе ја води екипата на натпреварот против Веспрем, на кој вардарци ќе се обидат да дојдат до поправање на впечатокот од двобојот против Кил.

Писонеро тргна добро со екипата од првото коло и имаше три победи, но убедливиот пораз од Кил беше причина да се реагира веднаш, па Кокшаров ги водеше последните тренинзи и тој ќе биде во улога на прв тренер на мечот од 5. коло кој ќе биде последен пред паузата за ЕХФ неделата.

Засега нема информации дали ова е само принудно решение или можеби Кокшаров ќе остане на клупата на Вардар и после ЕХФ неделата и ќе продолжи да ја води екипата и во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата.

Нови вести

Лев именуваше шест европски селекции подобри од Германија

Igor

Кулушевски дебитираше за сениорскиот состав на Шведска

Igor

Дабл-дабл на Адетокунбо за десетти триумф на Милвоки

Igor