April 21, 2021 01:17
Спорт

Пиоли: Пред три месеци би биле среќни да бидеме таму каде што сме сега

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изрази поддршка за своите фудбалери кои денес загубија во дербито со Интер со 0:3.

Милан по 23. коло на италијанскиот шампионат е втор со 49 бода, четири помалку од лидерот Интер.

– Првиот примен гол силно нè погоди. Во првото полувреме ни недостасуваше интензитет, моравме да сториме повеќе. Заслуживме гол во второто полувреме. Ибрахимовиќ? Напаѓачот е зависен од играта на тимот. Ние веруваме во работата што ја завршивме. Треба да бидете објективни. Пред една година, дури и пред три месеци, ќе бевме среќни да бидеме таму каде што сме сега, изјави Пиоли.

Тој очекува лошата резултатска серија да остане зад Милан.

– Тоа беше предизвикувачка недела, најлошата во сезоната. Ние сакаме да се пласираме во следната фаза од Лигата на Европа и потоа повторно да се фокусираме на Серија А, додаде Пиоли.

Милан во Лига Европа го очекува реванш на домашен терен со Црвена звезда, по нерешените 2:2 во Белград.