December 1, 2022 19:08
Спорт

Пикси разочаран: Физички бевме катастрофа во вториот дел

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси после вечерашниот пораз од Бразил истакна дека причината ја гледа во катастрофалната физичка подготвеност во второто полувреме.

Бразил ја надигра Србија и создаваше шанси во текот на целиот натпревар, двата гола за победа ги постигна Ричарлисон.

-Клучен беше вториот дел каде што физички бевме катастрофа. Бразил е искусна екипа и знаеше тоа да го искористи. Недостасуваше нашата пас-игра. Првиот дел го одигравме коректно, но има и работи каде што треба да бидеме подобри. Во лош период дојдоа повредите на Митровиќ, Влаховиќ, Костиќ…За нашиот тим во натпревар против Бразил тоа е премногу“.

„Можеме да им честитаме затоа што Бразил вечерва заслужено победи. Ние мораме максимално да се одмориме и да се обидеме на следните два натпревари да ја одлучиме нашата судбина. Се надевам дека Костиќ ќе го имаме за Камерун“, изјави Пикси.

Натпреварот против Камерун Србија го игра во понеделник во терминот од 11:00 часот.