June 24, 2021 19:29
Македонија

Пешевска до Петровска: Тероризам е тоа што донесовте болни пратеници во Собрание, а не 27-ми април

Претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието, Жаклина Пешевска во вечерашното издание на емисијата „Патот кон” на кое што учествуваше и Славјанка Петровска од СДСМ,  зборувајќи за нефункционалноста на Собранието поради тесното мнозинство и немањето кворум го спомна и тоа што во Собранието во скафандери беа однесени двајца пратеници од мнозинството болни од КОВИД-19.

„Дрско е да донесете пратеници и да го загрозите здравјето на сите. Предрско е затоа што влегуваа од истиот влез од кој што влегуваме сите и тие заслужуваат посебна кривична од секој од нас, затоа што сите имаме дома стари, хронично болни и деца. Тоа е неодговорно”, истакна Пешевска.

На ова реагираше Петровска велејќи дека тоа е обврска на пратениците, а Пешевска ваквата постапка ја нарече тероризам.

„Тероризам е тоа, не е 27-ми тероризам. Тероризам е тоа што вие донесовте болни пратеници во скафандери. Треба да се срамите и да не го спомнувате. затоа ја вртат главата и не зборуваат во Собрание тие, затоа што знаат што направиле”, потенцираше Пешевска.

https://wcostream.cc paw patrol wcostream. Lupin III: Pilot Film (https://wcostream.cc/m/P2X4) Episode 2

https://kissanime.mx kissanime seven deadly sins. Blade & Soul Episode 13

Watch anime online for free at AniWatch dubbed anime. Watch Cardcaptor Sakura The Movie (Dub) Episode Full

KissAnime Sandiegoreader: https://www.sandiegoreader.com/users/kissanimemx/