September 23, 2019 22:26
Македонија

Пецас: Правиме сѐ што можеме за да ги ублажиме негативните последици од Договорот од Преспа

Договорот од Преспа е национално штетен и правиме сѐ што можеме за да ги ублажиме негативните последици како за македонските производи така и во врска со македонскиот јазик и националност кои имаат некои негативни последици, вели портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето како грчката влада го карактеризира Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

– Премиерот, како на саемот во Солун каде што беше прашан, но и во неговите меѓународни контакти со лидерите на други европски земји, како што беше во Франција, Германија и Холандија договорот го карактеризираше како национално штетен договор и правиме сѐ што можеме за да ги ублажиме негативните последици како за македонските производи така и во врска со прашањата за македонски јазик и националност што имаат некои негативни последици, рече Пецас.

Нови вести

Платите да не се покачуваат, парите да не се враќаат!

Igor

Усеини повикува на протест поради рушење на дивоградбите во Охрид

Igor

Манчевски: Отворени се 50 илјади работни места, платите растат

Igor