June 25, 2022 22:28
Македонија

Пет години од имплементацијата на Законот за укажувачи – потребни се храбри луѓе со интегритет, но и институции кои ќе ги заштитат

За функционирање на Законот за заштита на укажувачите потребни се храбри луѓе со интегритет, но и институции кои ќе ги заштитат. На укажувачите и овластените лица треба да им се обезбеди бесплатна правна и финансиска помош и поддршка, додека за негова поефикасна примена потребно е негово поблиско претставување на јавноста и бенефитите од неговото применување.

Ова го порачаа учесниците на работилницата: „5 години од имплементацијата на Законот за укажувачи. Значењето на овој закон во борбата против корупцијата”, која се одржа денеска во Скопје, во организација на Транспаренси Интернешнл-Македонија.

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, во своето воедно обраќање порача, дека за борба против корупцијата и за пријавување и укажување дејства кои се спротивни и не се во интерес на целокупното општество ни требаат храбри луѓе, да го пријават тоа, но и ни требаат и институции кои ќе ги заштитат и ќе бидат гарант за доверливоста на сите кои собрале храброст да пријават негативни појави.

–   Она што е исклучително важно за сите функционери и особено за укажувачите е да имаме лица кои што се со интегритет, во кој секој може да има доверба дека може да укаже на одредени појави, дека нема првиот момент откако ќе излезе од канцеларија да ги издаде кај претпоставениот и после укажувањето да има многу поголем проблем од претходно, изјави Грковска.

Затоа, посочи Грковска, за да имаме успешна имплементација на законот, неопходно е да имаме лица со доверливост и кредибилитет, кои целото свое работење ќе го подредат на она што се вика општествено добро.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска зборувајќи за имплементацијата на Законот во изминатите пет години, рече дека досега до ДКСК се примени 34-35 пријави, од кои во 26 не се потврдени наводите, додека во три имале солидна основа за постапување.

–  Што се случи во еден од предметите, каде укажувачот е вработено лице во Јавното претпријатие за кое достави пријавување и поради малиот број вработени директорот многу лесно можел да примети кој е укажувачот и ова лице претрпе последиици. Овој укажувач, иако се докажа вистината изгуби две години и со се она што помина лицето во овој период не му паѓа на памет повеќе да пријавува, изјави Ивановска.

Ова, посочи Ивановска, не тера да мислиме како понатаму да го усовршиме системот и да ги охрабриме понатаму да пријавуваат.

–  Од досегашното искуство, сметам дека сите институции кои имаат законска надлежност за надворешно пријавување треба да вршат поголема промоција на законот. Понатаму, соработката меѓу институциите да се забрза. На укажувачите и овластените лица да им се обезбеди заштита, не само на работно место, туку по сите ризици, како и да им се обезбеди бесплатна правна помош и финансиска помош и поддршка како награда за направеното дело. Исто така, сметам дека е потребна обука на адвокатите и судиите, за побрзо завршување на овие случаи, изјави Ивановска.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, зборувајќи за улогата на институциите и имплементацијата на законот, рече дека МВР освен правилникот за внатрешни постапување со пријавите, од неодамна има и ажурирана интерактивна веб-платформа за заштитено надворешни и внатрешни пријавување.

–  Веќе имаме неколку постапки кои се завршени преку внатрешно укажување, кои резултираа со кривични пријави, отказни решенија и целосна заштита на колегите кои се укажувачи. Ова е мал, но многу значаен чекор, изјави Спасовски.

За ефикасна примена на законот, посочи Спасвоски, потребно е негово поблиско претставување на јавноста и бенефитите од неговото применување, и да се создаде добра перцепција во јавноста за тоа што се презема.

Народниот правобранител Насер Зибери, рече дека според него законот некои од правните институти ги има поставено на не докрај јасна позиција и во однос на надлежности и во однос на процедурите.

Второ прашање, рече тој, е колку законот дава гаранција и простор за стекнување перцепција дека тој што ќе се осмели да пријавува е целосно заштитен.

–  Во член два од законот е дефинирано што е тоа укажување, дека тоа се сомневања, сознанија и т.н. Но, во член 14 вели дека злоупотреба на пријавување претставува стандард на проверка и веродостојност на информацијата. Значи, сознанието, претпоставката не може по никој случај да е веродостојна или да бараме да биде целосно веродостојна, рече Зибери.

Со ова, посочи Зибери, сакам да изнесам едно мое убедување дека контрадикторни се позициите на дефинирање на тоа што е укажување и заштита.

Претседателката на ТИ-М Слаѓана Тасева, во своето воведно обраќање рече дека денешната работилница има за цел после пет години отворено да се поразговара за тоа што е направено и што реално можело да се направи од донесувањето на законот, односно како подобро да се применува.

–  Законот е два пати менуван, и во 2018 и 2020 година. Вториот пат не ни се допадна измената, наместо да се зајакнат мерките за примена се намалија санкциите и не се применија правилата во прекршочна постапка, ако некој не го спроведување законот. На некој начин, државата како да даде сигнал дека и не мора баш да се применува и се намалија драстично санкциите за одговорните лица и институциите и тоа не беше добра порака, изјави Тасева.

Секако, посочи Тасева, не е се во санкциите, но треба да се покаже малку повеќе решеност дека ќе се применува овој закон.

Сите укажување од работилницата, како што посочи Тасева, ќе бидат доставени до Министерството за правда, кое е надлежно.

Работилницата се одржува во рамките на проектот „ Застапување на имплементација на законодавство за укажувачите во Република Северна Македонија “, поддржан од грант на Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund на САД и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград кој е имплементиран од страна на Транспаренси Интернешнл- Македонија.

hack tài xỉu go88 Tải go88 IOS/ Android/ PC/ APK nhận Code 50K nạp tiền go88 bị từ chối

sunwin ơ đâu ông chủ sunwin Game bài số 1 Châu Á - Link tải Sunwin 2022