December 9, 2022 12:54
Хроника

Пет автомобили изгореа во Бутел

На 27.09.2022 во 03:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар на пет патнички возила, од кои четири паркирани на улица „Гоце Стојчевски” и едно паркирано на улица „Лазо Москов”, и тоа „фолксваген голф”, „рено меган”, „рено твинго”, „ауди”, сите со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес” со англиска национална ознака.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.