October 22, 2021 12:32
Свет

Петте постојани членки на СБ на ОН согласни за тоа што се очекува од талибанците

Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН „во голема мера се согласни” за тоа што се очекува од талибанците, јавија утринава француските медиуми, повикувајќи се на изјава на американска претставничка.

-Имаше доста согласувања за тоа што сакаме да видиме од талибанците, особено за почитувањето на правата на жените и девојчињата, борбата против тероризмот и наркотиците, изјави дипломатката по состанокот на министрите на постојаните членки на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

Таа додаде дека мисли дека никој, вклучувајќи ја и Кина, не е задоволен од составот на привремената авганистанска Влада  на талибанците, по нивното доаѓање на власт во средината на август.

Лондон, кој го свика состанокот, соопшти дека е за „единствен став во дијалогот со талибанците”.

-Големите сили го сакаат Авганистан во мир и стабилност, каде што хуманитарната помош може да се дистрибуира без проблеми и без дискриминација, рече по состанокот генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Повеќето светски влади се уште не ја признаа владата назначена од талибанците и бараат новите владетели на Авганистан прво да исполнат повеќе услови, вклучувајќи почитување на правата на жените и ветување дека на Авганистанците кои тоа го сакаат да можат да ја напуштат земјата.

Website https://kissanime.mx: Watch Darker than Black: Gemini of the Meteor kissanime Episode 12 kissanime haikyuu

Website https://gogoanime.be: Watch Chobits: Chibits - Sumomo and Kotoko Deliver gogoanime Episode Full dubbed anime

Doraemon Movie 30: Nobita no Ningyo Daikaisen (https://animetv.cc/m/Ypdn) Episode Full

Dimension W: W Gate Online - Rose's Counseling Room (Dub) (https://aniwatch.pro/m/PXwo) Episode 5

Connect garmin: https://connect.garmin.com/modern/profile/632c1172-7170-4197-96fe-c880fe6bff83

Free-ebooks: https://www.free-ebooks.net/profile/1323268/gogoanimebe