March 30, 2020 18:27
Балкан

Петта жртва од коронавирусот во Албанија

Во Албанија денеска регистрирана е петтата жртва од коронавирусот, а ново дијагностицирани се 19 случаи од 74 тестирани лица. Почнатиот е 49-годишен жител на Тирана кој пред 13 дена бил хоспитализиран во Инфективната клиника а 10 дена бил на интензивна терапија. Боледувал и од дијабетес.

-До денеска тестирани се 930 сомнителни лица при што потврдени позитивни со „Ковид-19″ се 123 лица. Десет од нив се излекувани, додека пет за жал и покрај сите напори на лекарите починаа. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на почнатите и апелираме до граѓаните строго да ги почитуваат препораките на надлежните,пред се да се седи дома,да не се излегува без неопходна потреба а доколку мора да излезат да одржуваат социјална дистанца,стои во соопштението на Мнистертвото за здравство и социјална заштита.

Се додава дека мапата на заболените од Ковид-19 веќе е проширена  и во Лежа и Берат каде се дијагностицирани по еден и Хас два случаи.

Со новодијагностицираните, во Тирана бројката се зголеми на 72 лица, во Фиер 12, Корча 9, Драч 8, Љушња, Каваја и Валона по 4 случаи и по два во Елбасан,Рогожина и Скадар.

Во Инфективната клиника во Тирана хоспитализирани се 57 лица, двајца од нив се на интензивна терапија.