September 18, 2021 16:56
Македонија

Петрушевски: Да имаше дисциплина на Олимпијадата за пљачкање, Владата на СДСМ ќе беше шамипон

Овој Буџет, односно ребалансот е пред се изборен, а не развоен како што вели власта, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на денешната собраниска дебата за ребалансот на Буџетот за 2021 година.

„Целта е да се гласа за оваа влада која трпи критики од сите страни, не само од граѓаните, туку и од претставници на меѓународната зедница. Бидејќи сега е актуелна Олимпијадата и доколку има диспилина пљачкање, оваа влада ќе беше шампион, или ќе беа светски олимписки прваци. И тоа не го велам јас, туку и сите странци”, рече Петрушевски.  

Притоа пратеникот се осврна на последниот извштај на Стејт департментот.

„Ви велат дека спроведување на антикорупциските закони е селективно, законите не се пишуваат врз основа на анализи и се носат по скратена постапка и тоа ви го кажува опозицијата цело време. Од  бизнисот пак има жалби за долги процедури, нетранспарентно трошење на парите кои завршуваат кај бизнис елитата на СДСМ. Или едноставно кажано оваа влада  ја уназадува инвестицската клима и се труди само да воведува нови даноци”, рече Петрушевски.

Дополнително и Транспаренси ја стави Македнија на 111 место од 180 земји, 13 места уназадување од пред две години.

„Да не зборувам за споредби со претходната влада кога Македонија на листите на Транспаренси беше околу 60 место. И ова не е од корона кризата, оваа затоа што владата краде кај стигне”, рече Петрушевски.

AnimeFreak: Time of Eve anime episode 6 online free at https://animefreak.ws animefreak dragon ball

Website https://animekisa.in: Watch Lupin the Third, The Woman Called Fujiko Mine animekisa Episode 13 animekisatv

Watch anime online for free at WCOStream watch anime free

Website https://animepahe.cc: Watch Meow Meow Japanese History animepahe Episode 32 anime online

Stationfm ning: http://stationfm.ning.com/profile/animeflixnl

Guides: https://guides.co/p/kissanimemx