June 27, 2022 21:54
Македонија

Петров: Минималната плата двојно ја зголемивме, растатат и пензиите, СДСМ успешно ја менаџира кризата

Членот на ИО на СДСМ Андреј Петров, во дебатната емисија „24 Анализа” на телевизија 24 истакна дека голем дел од граѓаните оставаат можност премиерот Димитар Ковачевски и новата влада да покажат што знаат и сметаат дека во кризно време треба да се решаваат кризните состојби и бројните проблеми што ги носат.
Мора да се сложиме дека оваа влада успешно ги решава проблемите, нагласи Петров, наведувајќи го постигнатиот договор со СОНК, начинот на кој се амортизира ударот од енергетската криза со интеревенции кај најсиромашните слоеви.
Петров истакна дека минималната плата двојно е зголемена, од септември ќе се зголемат пензиите.
Сето тоа се работи поради кои граѓаните во сондажите надеж гледаат во оваа нова влада, рече Петров, додавајќи дека власта треба да ги решава проблемите на граѓаните, на начин на кој што умее, се додека го има мнозинството во парламентот, бидејќи во парламентарна демократија за избори одлучува собранието.
Ако нема 61 пратеник во собранието, избори не може да се распишат, да ja оставиме оваа влада да сработи, граѓаните да ја вреднуваат нејзината работа, да помогнеме со конструктивни идеи, кои не значат блокади, сме биле сведоци на разни блокади, но никогаш не донеле добро ниту на партијата што блокира, ниту на државата, нагласи Петров, додавајќи дека избори треба да има на 4 години.
Тој смета дека опозицијата некогаш треба да алармира за одредни работи, но наместо принципот на блокади треба да се примени принципот на дискусија во парламентот, преку која со изложување на тие „погрешни” политики во јавноста ќе се одврати власта да го спроведе она што го мисли и потсети дека пратеници од СДСМ како опозиција при активен бојкот во парламентот беа исфлрени со помош на полиција.
Премногу време потрошивме, пројода повеќе од 30 години, треба да ја научиме основната абецеда на парламентарната демократија и да почнеме да се однесуваме како земјите кон кои се стремиме, порача членот на ИО на СДСМ Андреј Петров.

https://go88.gg/

sunwin investment sunwin android pm hack sunwin