August 14, 2022 21:33
Македонија

Петровска со претседателката на Комората за приватно обезбедување Верица Милеска Стефановска

Денеска Министерката за одбрана Славјанка Петровска оствари работна средба со Претседателката на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување Верица Милеска Стефановска.

Заеднички беше констатирано дека приватното обезбедување е значаен сегмент од безбедносниот систем на државата. Договорено е во работната група за изработка на Законот за критичка инфраструктура да се вклучи претставник од Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување во функција на вклучување на сите актери од безбедносниот систем, со цел новиот законски проект биде сеопфатен и функционален. Се разговараше да се согледаат меѓународните искуства  за поинтензивна соработка меѓу секторите одбрана и приватно обезбедување за да дојде до искористување на сите можности и ресурси согласно НАТО и ЕУ стандардите.

До крајот на годината ќе се потпише Меморандум за соработка на Воената академија и Комората за да се отворат нови хоризонти во едукацијата, обуката и човечките ресурси.

На крајот претседателката на Комората Милеска Стефановска искажа голема благодарност до министерката за одбрана Петровска за искажаната подготвеност за заедничка соработка за да се создадат механизми за навремена превенција и справување со безбедносните ризици и идни општествени предизвици во државата.