December 9, 2022 14:03
Македонија

Петровска: Се залагам за професионалност, Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот и да се увери во тоа

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска од собраниската говорница ја повика Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на Јавниот оглас за прием на професионални војници и да се увери дека тоа е процес кој се базира на правила и процедури во Министерството и Армијата.

“Одговорен за спроведувањето на огласот е Министерството за одбрана и тој како таков ќе биде спроведен. Нема никаква потреба од поништување затоа што во изминатиот период во Армијата се покажа дека важат исклучиво професионалните стандарди, и тоа не се само мои констатации, тие констатации се дадени во неколку месечните оценувања на Армијата. Комисијата е добредојдена одблизу да го следи спроведувањето на овој оглас и да се увери во тоа”, рече Петровска во одговор на пратеничко прашање.