June 23, 2021 08:14
Македонија

Петровска: ЕУ сега има задача да го оствари она што го вети, а тоа е дека треба да ги започнеме преговорите, од црвените линии нема отстапка

Одлуката на советот на ЕУ каде на Македонија и се даде признанието дека треба да ги отпочне преговорите говори многу за степенот на реализација на реформите на државата и што е направено во изминатиот период, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма.

Таа додаде дека во оваа ситуација е мошне битно е да не бидеме ниту песимисти ниту оптимисти туку да ги гледаме реално изјавите, особено од високиот претставник на ЕУ кој рече дека Македонија ги исполни условите за да почне со преговорите, а вториот момент дека ЕУ преку своите институции многу поактивно ќе делува во наредниот период, со цел тие преговори конечно да почнат.

Разбирливо е после ветото што го стави Бугарија злоупотребувајќи ја својата позиција како држава членка на унијата, енергијата и еуфоријата за ЕУ кај граѓаните, политичките партии, институциите ќе спласне малку, рече Петровска.

Таа нагласи дека оваа ситуација во која се наоѓаме резултат на она што го направи Бугарија во ноември минатата година и тоа нема никаква врска со исполнувањето на критериумите кои се дадени во поглавјата.

Црвените линии, идентитетот и јазикот, кои ги повторуваме многу пати, се потенцирани, државата ги исполни критериумите, а унијата сега има задача, бидејќи добивме потврда дека ги исполнуваме критериумите, преку своите механизми да го оствари она што го вети, а тоа да е дека треба ги започнеме преговорите, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма.

4Anime 4anime is it safe: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) Episode 5

AnimeTV wco anime tv: Watch My Hero Academia 5 (Dub) Episode 5 (https://animetv.cc/m/1lyY/ep-5)