Министерката за одбрана Славјанка Петровска, заедно со делегација од Министерството и од Армијата денеска престојува во еднодневна официјална посета на Бугарија. По официјалниот пречек со највисоки воени почести, министерката Петровска ќе се сретне со својот бугарски колега, министерот Драгомир Заков, а во бугарското Собрание средба ќе има и со раководството на парламентарната комисија за одбрана. Министерката Петровска во Софија ќе се сретне и со двајца офицери на Армијата на Република Северна Македонија кои во моментов се на високо воено школување на Воена академија „Генерал Ѓорѓи С. Раковски” во Софија.
mã giao dịch trong sunwin là gì hướng dẫn nạp tiền sunwin đại lý game sunwin