December 4, 2022 19:02
Хроника

Петнаесет години затвор за неготинецот што до смрт ја претепа партнерката и таа почина од повредите 

Петнаесет години затвор пресуди судот во Кавадарци, за неготинецот што ја претепа партнерката и таа почина од повредите.

– Основен суд Кавадарци известува дека на ден 22.11.2022 година по одржаната главна и усна расправа, обвинетиот П.Н. од Неготино за кривично дело Тешка телесна повреда по чл. 131 ст. 4 вв ст. 2 вв ст. 1 вв чл.12 ст. 2 од КЗ, а по дадено признание за вина, огласен е за виновен за настанот што се случи на 02.08.2022 година во Неготино, каде што извршил семејно насилство, во кое оштетената Љ.Г. од здобиените тешки телесни повреди, почина на 06.08.2022 година, со тоа што од страна на судечкиот судија му е изречена казна затвор во траење од 15 години, којашто да биде извршена по правосилноста на пресудата, се вели во известувањето од Основен суд Кавадарци.

Сега веќе осудениот маж, во минатото бил во врска со Љ.Г.. На втори август годинава, тој дошол во нејзиниот дом, и по вербална расправија со неа, започнал да ја удира со боксови во главата и ја турнал во туш кабината.
Таа се здобила со тешка телесна повреда и западнала во коматозна состојба.
По интервенција во Општа болница – Кавадарци, таа била итно пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа тогаш од Обвинителството.

Жената почина на шести август, и зад себе остави две полнолетни деца.

Нејзината ќерка реагираше на социјалните мрежи и појаснуваше дека не се работи за семејно насилство, бидејќи мајка и со убиецот не живеела заедно пет месеци пред да се случи настанот, туку дека се работи за убиство на свиреп начин.

Поврзани вести

Мицкоски го копира Груевски – Денот на идеи во владата, стана Предложи идеја во општините

blink

„Златното славејче“ ги олабави блокадите на приватните превозници?! Арсовска ја нема

Igor

(Фото) Приватниците бараат средба со Арсовска, блокадата на Илинденска продолжува

Igor