April 21, 2019 08:47
Свет

Петмина полицајци пронајдени мртви во западно Мексико

Мртвите тела на пет полицајци биле пронајдени во автомобил во мексиканската општина Зитакуаро, во западниот дел на државата Мичоакан, пренесуваат локалните медиуми.

Полицајците кои биле на служба во општината Тузанта во Мичоакан, биле киднапирани на 4 февруари од страна на неидентификувани лица. Оттогаш се регистрирани како исчезнати.

Обвинителите утврдиле дека полицајците починале откако повеќекратно биле застрелани,пренесува Екселсиор”. Во близина на нивните тела е пронајдено писмо, но неговата содржина не е објавена.

Два големи криминални синдикати – Ла фамилија Мичоакана и картелот Витези Темплариоперираат во регионот на Мичоакан, кој долго време страда од криминалот поврзан со дрога. Синдикатите, заедно со другите картели, се вклучени во жестока борба за влијание.

Војната против криминалот во Мексико, без преседан во својот интензитет, започна во 2006 година во времето на тогашниот претседател Фелипе Калдерон, кој ги повика единиците на армијата за операции против наркомафијата, ја реформираше мексиканската федерална полиција и објави лов на најозлогласените лидери во мексиканскиот криминален свет.

Наследникот на Калдерон, Енрике Пења Нието, ја продолжи политиката на својот претходник. Под негово раководство, полицијата уби или уапси голем број познати наркобосови, вклучувајќи го и шефот на картелот Синалоа, Хоакин Гузман Лоерс, попознат како Ел Чапо.

Актуелниот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор во јануари рече дека Мексико ја прекинало војната против наркомафијата во земјата, истакнувајќи дека владата се концентрира на јавната безбедност и на намалување на бројот на убиства, кражби и киднапирања.

Нови вести

Поглед во внатрешноста на аеродромот во Сингапур- домот на највисокиот водопад во светот

Igor

Утре втор круг од претседателските избори во Украина

Igor

Уапсени 227 лица на протестите на ,,Жолтите елеци” во Париз

Igor