December 10, 2022 06:34
Свет

Петмина полицајци повредени, 12 лица уапсени во протестот пред Иранската амбасада во Лондон

Најмалку пет полицајци се потешко повредени, а 12 лица уапсени вчера за време на протестот пред Иранската амбасада во Лондон.

Демонстрациите беа организирани поради смртта на 22-годишната Махса Амини која почина во притвор откако на 13 септември беше уапсена од иранската морална полиција поради „носење несоодветна облека”.

На видео-снимките објавени преку социјалните мрежи се прикажани учесници на протестот како извикуваат „смрт за Исламската Република”.

„Мнозинството од присутните во Амбасадата во текот на вчерашниот ден продолжија да се однесуваат одговорно”, додека голема група „се обиде да ја нападне полицијата и демонстрантите”, се наведува во соопштението на „Скотланд Јард”.

Пред Амбасадата во Лондон беа распоредени бројни полициски единици, опремени со шлемови и штитови