January 20, 2022 01:55
Спорт

Петмина позитивни на ковид-19 во ракометниот национален тим

Македонската ракометна репрезентација се соочи со позитивни тестови пред патувањето во Дебрецен, па сега дури пет членови на националниот тим веќе се во задолжителна изолација.

Досега избраниците на Кире Лазаров тренираа во полн состав бидејќи претходните тестирања не донесоа ниту еден позитивен тест во нашата репрезентација, но последната пцр контрола пред патувањето ја промени ситуацијата.

Ситуацијата во македонскиот состав не е изненадување со оглед на големиот број проблеми со кои веќе се соочуваат другите селекции, учесници на ова Европско првенство, но доаѓа во најлош момент.

Според последната измена на правилата на ЕХФ, секој позитивен играч мора да остане во изолација барем пет дена, а потоа со негативни тестови да докаже дека ги надминал проблемите со вирусот.

Македонската ракометна репрезентација утре во 14:10 часот попладне заминува за Дебрецин, а првиот меч од групната фаза нашите машки сениори ќе го одиграат на 13. јануари во 18:00 часот против Словенија.

https://animeflix1.com/. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

ANIMEFLIX How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom

Pokémon Journeys: The Series Episode 85

Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train Episode Full

ANIMEFLIX Dragon Ball Super (Dub) Episode 122

ANIMEFLIX One-Punch Man Episode 5