Македонија

Петличковски: Нема потреба да се проверува стапката на антитела пред вакцинација

Директорот на Центарот за имунобиологија и хумана генетика, д-р Александар Петличковски во гостувањето на Сител рече дека оние пациенти кои ќе се вакцинираат немаат потреба да прават серолошки тестови за да проверат дали имаат антитела.

-Проверувањето на антителата, или дали биле 5 или 15 тоа не влијае на одлуката дали човек ќе се вакцинира или нема да се вакцинира. Значи, од научен аспект е важно да знаеме како организмот се однесува, колку имал антитела пред вакцината, колку имал после првата, колку после втората доза за да можеме да изградиме некаков пристап, некаков алгоритам и да кажеме после прва вакцина добиваме многу висока концентрација на антитела. Не мерлива, туку повисока концентрација отколку кај луѓе со две дози. Евентуално за потврдување на мината болест имав симптоми пред месец, шест месеци, тука ќе ни помогнат антителата. Дали се една или друга вредност, тоа не може и не треба да влијае на одлуката за вакцинација, рече Петличковски.

AniWatch animes online: JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) Episode 39

AnimeDao assassination classroom animedao: Watch One Punch Man Episode 6 (https://animedao.nl/m/6ox/ep-6)