June 26, 2022 15:26
Македонија

Петков: Јазикот е јасно дефиниран во Договорот за добрососедство

Во договорот за добрососедство има јасна дефиниција за јазикот и ние апсолутно го поддржуваме самоопределувањето на сите граѓани во С Македонија, рече бугарскиот премиер, Кирил Петков, во одговор на новинарско прашање за време на заедничката прес конференција со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски.

„Во договорот за добрососедство има многу јасна дефиниција за јазикот и во тој правец апсолутно го поддржуваме самоопределувањето на сите граѓани во С Македонија како и употребата на сите јазици како што се опишани во Уставот. Имаме полно разбирање за тоа и ќе продолжиме да ги третираме сите прашања во тој конструктивен дух“, рече Петков.

https://go88.gg/

https://sunwin.fan/