August 14, 2022 20:18
Македонија

Петков: Заедно ќе ги победиме, за Слави довидување, а Борисов ќе го стигнат гревовите

Уште еднаш ќе се обидеме со независните пратеници дали сакаат да бидат со нас, ако не одиме на избори, изјави Кирил Петков, пред насобраните пред бугарското Собрание, веднаш откако беше изгласана недоверба на неговата влада.

Додека се движеше кон местото од каде беше предвидено да им се обрати на поддржувачите, тие извикуваа „Промена“ и „Победа“ и го поздравуваа.На митингот за поддршка на владата пред Собранието на Бугарија се приклучија и премиерот министри и пратеници од „Продолжуваме со промените“, „Демократска Бугарија“ и „БСП за Бугарија“. Тие беа пречекани со аплауз од граѓаните кои го исполнија плоштадот откако парламентот го поддржа изгласувањето недоверба на владата со 123 гласа „за“, 116 „против“ и без воздржани.

-Денес видовме човек – господинот Слави Трифонов, кој испраќа СМС пораки до луѓето во Народното собрание, човек кој толку долго стои во позадина и ја одредува политиката во оваа зграда и г-ѓа Митрофанова, на која уште не и се верува дека му кажавме ‘не’ на ‘Газпром’. Овие четири луѓе се собраа, но не разбраа дека ова не е начин да се победи Бугарија. Заедно ќе ги победиме!. Верувам дека денес нема гласач на ИТН кој се гордее со своите пратеници што ги притиснаа копчиња заедно со пратениците од ГЕРБ, гласач на ‘Преродба’ кој е среќен што нивните пратеници ги притиснале копчињата заедно со оние на ДПС им порача премиерот Кирил Петков на демонстрантите за поддршка, извикувајќи со нив „Победа“.

Задкулисните игри ги покажаа сите нијанси и нивната застапеност во Народното собрание, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за бугарската ТВ Нова веднаш откако беше изгласана недоверба на неговата влада.

За лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов рече дека е историја и дека никогаш нема да има шанса за политички проект.

„Следуваат избори и народот пак ќе гласа. И за Слави ќе кажам довидување. За Борисов рече дека гревовите што ги имаат, кражбите што ги направил, ќе го стигнат. Не можете да продолжите да ја играте оваа игра долго време. Ако денес се чувствувате поудобно, тоа е привремено го сожалувам.“, рече Петков.

За предлогот на ГЕРБ за изгласување на недоверба на второто гласање се изјаснија 123 пратеници, а против беа 166. Според деловникот на бугарското собрание може да има две гласања – прво и повторено. Во првото гласање, за соборување на владата гласаа 124 пратеници.