Македонија

Петков: Бугарија треба да го преиспита пристапот кон Северна Македонија на конструктивен начин

Една од првите задачи на новиот министер за надворешни работи на Бугарија и идниот бугарски премиер е да се формираат работни групи меѓу Бугарија и Северна Македонија кои ќе опфатат различни области. Ова го коментираше Кирил Петков, копретседавач на  „Продолжуваме со промената” која победи на парламентарните избори во Бугарија,  во програмата „Седмицата” на бугарското приватно национално радио „Дарик”.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, овие работни групи треба да бидат слични на оние во преговорите меѓу идните коалициски партнери во Бугарија.

Да има работни групи за економија, инфраструктура, култура, историја, човекови права и да почнат да работат на секоја од овие теми што е можно потранспарентно, за да можат двата народа да се запознаат со реалните теми и секој да почне да размислува која е цената ако нема добрососедство меѓу двете земји и обратно – какви се успесите ако има вистинско добрососедство.

Според Петков, така темата за историјата, која не треба да се игнорира, ќе стане една од темите на разговор, но нема да биде единствена.

 Петков рече дека за да стигне до Скопје со авион морал да лета преку Виена и праша зошто нема железничка линија која ќе ги поврзе Бугарија и Северна Македонија.

 Тој праша и зошто не се одржуваат конференции за различни индустрии, со што ќе се поврзат бизнисите на двете земји да работат заедно и зошто нема заеднички концерти.  Да ги имавме овие работи, рече Петков, како би изгледале нашите економии.

-Тогаш подготвеноста за компромиси за прашања што се важни за нас како народ и за нив како народ би требало полесно да ги решаваме, коментираше Петков.

Но, според него, тоа не може да се случи, ако за тоа зборуваат само Бугарија и Северна Македонија, туку целиот контекст мора да се отвори. Добрите резултати, рече, доаѓаат преку работа, а не преку добри идеи и слогани.-А најтешко е кога лидерите не се виделе или ако се гледаат на секои шест месеци, смета Петков.

Според него, најмногу можеме да добиеме со добрососедство и во иден момент да ги решиме овие проблеми, кои ги нарече „мали”. Да бидеме, како што рече, дел од европското семејство што ќе биде многу добро и за целиот регион.

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

GoGoAnime The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat Episode 5

anime websites GoGoAnime Naruto (Dub)

dubbed anime GoGoAnime Attack on Titan Season 3

GoGoAnime Attack on Titan

sites to watch anime GoGoAnime Attack on Titan Season 3

tải go88