January 21, 2021 02:36
Македонија

Петковски до Костовски: Ништо во банката не беше направено без вас и вашиот син

Поранешниот директор и претседател на Управниот одбор на Еуростандард банка, Николче Петковски тврди дека во банката ниту имало криминал, а уште помалку имало организиран криминал.

Ова тој го кажа во емисијата на ТВ 24, по обраќањето на неговиот поранешен газда, Трифун Костовски, кој токму него го обвинува за криминалот.

Ова тој го кажа во емисијата на ТВ 24, по обраќањето на Трифун Костовски, кој токму него го обвинува за криминалот.

„Намерно во изминатиов период јас се јавив само еден демант на 16 август, бидејќи сметав дека има институции, се тераат некакви постапки, процедури, се отвори стечајот, а дали требало или не, тоа е предмет на дискусија. Затоа не сакав да се појавувам, ниту да влијаам на овој или на оној начин. Но, одлучив да се појавам, и ќе пвторам, ниту има криминал, ни организиран. Во јавнсоат се расфрлаат бројки, и не знам врз основ на какви анализи тоа се прави, се споменуваат фамозни 60 милиони, за кои на крај испадна дека се 55 милиони, а тоа се всушност нефункционалните кредити, кои се во билансот на банката на денот на отворањето на стечајот.“, рече првично Петковски.

Петковски тврди дека не бил врзан со политички структури.

„Дека имало поврзаност со политички структури, како што бев деклариран, или дека сум бил член на политичка партија, па дека сум одработувал за политичкки цели, не знам како да коментирам, многу лесно може да се провери дали сум член на политичка партија или не, и она што можам да кажам додека сум бил директор, никогаш не било битно дали е една политичка партија, или друга, или не знам која“, рече Петковски.

На прашањето дали ова значи дека на крајот ќе нема проблем да се подмират штедачите, а има примери во делење кредити без покритие, екс дитекторот со став дека немало кредити без покритие, биејќи и меницата е покритие.

„Но, настрана од тоа, процедурата во банката, онака како што била поставена – постоел кредитен одбор, одредени изложеност над одреден процент (порано беше 10 отсто од сопствените средства, па се смени на 20 отсто), се одобрувани од Надзорен одбор, па се одело на исплата. Значи, неизводливо е само еден човек да делел кредити“, потенцира Петковски.

Прашан дали ова значи дека Костовски ги влечел конците, Петковски рече дека не знае дали ги влечел, но учествувал, па ако се направи анализа, ќе се види дека добар дел од кредитите се одобрувани од Надзорен одбор, по предлог на кредитниот одбор.

На забелешката на Костовски дека се делеле на предлог од УО, Петковски тврдеше дека никогаш не се делени од Управниот одбор.

„Ако членот од УО елаборирал пред вас од Надзорен одбор, тоа не значи дека е негов предлог“, рече Петковски, на што Костовски забележа дека Управен одбр е филтер на тоа што доаѓа пред Надзорен одбор, каде птетседател беше Трифун Костовски.

На прашањето до Костовски дека неговиот син Коста работеше како одговорен во Кредитниот одбор, Костовски вели дека Коста бил дел од Кредитниот одбор.

„Како поминувале тие работи на Кредитен одбор, и како биле правени проценките, кои никогаш не биле на лице место. Јавноста да знае – село Врапчиште, Гостиварско, нива од хектар и 200 метри, доажа проценител и му се наредува, пиши дека вреди милион евра, и се исплатува кеш. Надзорниот одбор нема појма од таа работа. Тоа некој го направил, некој ја подготвил документацијата за на кредитен одбор, да помине, и тоа да се реализира. На екс генералниот директор, Петковски, негов вујко во поодминати години, во пензија, му формира фирма, АТВ Зеус, на база меница. Човек пензионер. Му дава 1,2 милиони евра. По недела дена, парите ги нема. И го викам човекот, дали си свесен што си направил, вели – внуче ми е, имам доверба во него. Каде се парите. Ги нема. На господинот Петковски не можам да му одговорам со банкарски вокабулар, му одговарам со чист народен јазик. Јас ги пронајдов недостатоците. И згора на се, на својот вујко му плаќал паушал секој месец од 80 илјади денари за проверка на воздухот. Некој буквално ми ја заробил банката“, рече Костовски.

Петковски на ова му порача на Костовски да не обвинува дека некој давал налози на проценителите, а на што Костовски рече дека тоа веќе го има во алибите, и Петковски да биде мирен.

„Мојот вујко прво не е пензионер, помлад е д вас, фирмата му била формирана претходно, не сум ја формирал јас, тие 1,2 милиони евра се дадени сукцесивно за неколку години, и 95 отсто веќе се вратени назад во банката во форма на позајмици на други фирми кои сервисирале обврски во банката. И тоа убаво може да се види“, рече Петковски.

Додаде дека неговиот вујко не го затворил уште кредитот, но парите не се украдени, на што Костовски рече дека не г гледа парите во банката. На ова Петковски му потенцира дека тоа е негов проблем што не г гледа парите во банката. А Костовски реплицираше дека од што Петковски многу гледал 10 години, затоа банката отиде во стечај.

„Како можете да кажете Костовски дека јас сум владеел, кога ништо во банката не беше направено без вас и без вашиот син“, праша Петковски, на што Костовски рече дека не е точно.

Костовски рече дека не треба да се обвинуваат пред јавноста, и дека ќе се видат пред други институции.

Fire Force (Dub) (https://animeheaven.pro/m/AD32) Episode 24 at website https://animeheaven.pro anime heaven anime

Watch Is It Wrong to Try to Pick Up Girls in a Dungeon? (Dub) Episode 8 at website https://animefreak.ws. See more animefreak my hero academia