August 14, 2022 07:54
Македонија

Петковски: Алтернатива излезе со максималистички барања

Тито Петковски, Претседателот на НСДП вечерва изјави дека на Македонија не и се потребни вонредни парламентрани избори.

Рече дека ако има избори, ќе влеземе во турбуленции, а реформите ќе бидат во застој и никој не гарантира дека потоа ќе имаме стабилна Влада.

„Мислам дека е добро што се зголемува парламентарното мнозинство за уште 4 пратеници“, изјави Петковски.

Вели дека сепак ќе остане една горичина дека Алтернатива барала премногу.

„Алтернатива го искористи моментот. Алтернатива излезе со максималистички барања“, рече Петковски.

Вели дека оваа партија има 15 до 20 пати повеќе привилегии од нив, но сепак смета дека е важна големата слика, да имаме стабилна Влада.

Премиерот Зоран Заев имаше средба со коалиционите партнери, со цел да им образложи што е договорено со Алтернатива, за влез во Владата.