August 12, 2022 02:13
Свет

Песков одби да го коментира можното посредување на Меркел

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одби да го коментира потенцијалното ангажирање на поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, како посредничка меѓу Русија и Украина.

– Не можам да одговорам на прашањето дали госпоѓа Меркел може да игра таква улога во иднина. Таа ги напушти сите функции и слушнавме дека изјави оти нема да се враќа во политиката. Ќе видиме, изјави Песков на прес-конференција, јави Тасс.

Неговата оценка е дека стилот на преговори, избран од Киев, не ѝ донесе ништо добро на Украина.

– Ние сме запознати со овој стил на преговори што на Украина не ѝ донесе ништо добро, смета Песков, коментирајќи ја изјавата на украинската страна за подготвеноста во август да се врати на преговарачка маса.