December 9, 2022 00:25
Свет

Песков: Глупави се тврдењата дека Русија е виновна за евентуалните напади врз гасоводите

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека се глупави тврдењата дека Русија стои зад евентуалните напади врз гасоводите Северен поток 1 и Северен поток 2.

Тој додаде дека Москва забележува нагло зголемување на профитот на американските компании, кои ја снабдуваат Европа со гас.

Песков наведе дека е потребно да се истражи инцидентот и оти не се знае кога ќе бидат поправени оштетените гасоводи.

– Тоа е голем проблем за нас бидејќи, како прво, двете линии на Северен поток 2 се наполнети со гас, целиот систем е подготвен да испумпува гас, а гасот е многу скап… Сега гасот оди во воздухот, истакна Песков.

Норд стрим АГ, операторот на мрежата, вчера објави дека три од четирите крајбрежни линии на гасоводниот систем Северен поток претрпеа „невидена” штета за еден ден.

Северен поток 1 извести за значителен пад на притисокот предизвикан од истекување на гас од двата цевководи, додека пред два дена Северен поток 2 пријави ненадеен пад на притисокот во линијата А.