March 2, 2021 14:03
Спорт

Персон: Македонија не беше вистински тест, очекувавме посилен отпор

Принудно „ремнотираниот“ состав на пакометната репрезентација на Шведска со кој ќе анстапи на 27. Светско првенство во Египет, лесно излезе на крај на старто во групата со Македонија (32:20). Ракометарите на Шведска кои беа во втор план, а на овој меч и воопшто на првенството ќе добијат поголема минутажа, се желни за докажување. Тоа го докажаа на паркетот против Македонија.

-На почеток бев нервозен, како и секогаш. Меѓутоа само што започна натпреварот, работите тргнаа во добра насока за нас. Македонија не беше вистински тест. Се надевавме на поголем отпор, но среќни сме што започнавме со победа, изјави по мечот шведскиот интернационалец,  Линус Персон, кој мечот го заврши со шест погодоци.

Шведска и со вака изменет состав е фаворит во групата и се очекува победнички да ги заврши дуелите со домаќинот Египет и аутсајдерот Чиле. Македонската репрезентација ќе треба брзо да се соземе и веќе на наредниот меч против домаќинот Египет, предовден од поранешниот трофеен тренер на Вардар, Шпанецот Роберто Гарсија Парондо, да докаже дека дуелот со Шведска бил само лош ден за избраниците на Данило Брестовац, кои откако добија покана за учество в очи на стартот на мундијалот набрзина се спакуваа и вчеравечер допатуваа во Каиро. Последниот меч во групата Македонија ќе го игра со аутсајдерто Чиле, кого пред мундијалот на подготвките во Скопје на двапати го совлада на контролните мечеви.

TONIKAWA: Over the Moon For You Episode 12 at GoGoAnime gogoanime death note

Fire Force Season 2 (Dub) (https://animeplanet.cc/m/G5Gn) Episode 17 at AnimePlanet anime planet harem